На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска. На оваа летна школа ќе учествуваат 60 македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска. На оваа летна школа ќе учествуваат 60 македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји од: Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Народна Република Кина, Полска, Руска Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска.