Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации.
„Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа – сподели претседателот на Владата Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но, не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, што се одржува денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.