Во деновите што следуваат, поради високите температури и зголемената опасност од пожари, апелирам да бидете особено внимателни и одговорни.
„Да избегнуваме какви било активности што можат да предизвикаат пожар и со заедничка одговорност да придонесеме за заштита на нашата безбедност и на природата, објави Јанков на својата Фејсбук страна Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето.