„На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Северна Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир.
„Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот ‘Принцеза Олга’, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина“, соопшти Собранието.