Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките на неговата прва посета на Израел во својство на министер, го истакна потенцијалот Република Северна Македонија да се позиционира како важна влезна точка кон Европа за израелските туристи, компании и инвеститори. Во тој контекст, посебен акцент беше ставен на иницијативата … Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките на неговата прва посета на Израел во својство на министер, го истакна потенцијалот Република Северна Македонија да се позиционира како важна влезна точка кон Европа за израелските туристи, компании и инвеститори. Во тој контекст, посебен акцент беше ставен на иницијативата за воспоставување директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Тел Авив–Охрид, со цел дополнително да се поттикнат туристичката размена, деловните контакти и економското поврзување меѓу двете земји.