Пожарот кој избувна во атарот на село Mакази, во Pреспа, истовремено на најмалку две локации, и навлезе во националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола. Ангажирани беа ер-трактори, два тима со пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи од националниот парк. Дежурни екипи остануваат на терен, за целосно гаснење и спречување негово повторно активирање.