Потенцираме дека такви договори веќе се склучија со Швајцарија, Хрватска и Романија.
„Интензивно работиме со Владите на Австрија, на Германија и во месец септември се очекува да се одржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во октомври и со Словенија со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери, наведуваат од Министерството.
Интензивно работиме со Владите на Австрија, на Германија и во месец септември се очекува да се одржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во октомври и со Словенија со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери, наведуваат од Министерството.
„Бидејќи се работи за правила во Шенген зоната, се потенцира во соопштението, тоа што Владата преку Министерството за транспорт може да го направи и тоа што има на располагање е да потпише билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната за издавање долгорочни визи.
Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствен начин во овој момент е преку билетерални договори со земјите од Шенген зоната.
„Транспортната дејност е двигател на македонската економија и од тие причини сметаме дека дејноста не треба да запре да работи, напротив Владата и Министерството за транспорт продолжуваат активно со работа за изнаоѓање дополнителни решенија, посочуваат од Министерството за транспорт.