Додека политичарите пред секој изборен циклус ветуваат подобар студентски стандард, студентите и понатаму се соочуваат со… Додека политичарите пред секој изборен циклус ветуваат подобар студентски стандард, студентите и понатаму се соочуваат со прашањето што навистина можат да си дозволат со средствата што им се обезбедени преку субвенционираниот студентски оброк. „Сумата од 140 денари дневно тешко е доволна за квалитетен оброк, а дополнителна пречка е и ограничениот број места каде студентите можат да платат со својата картичка“, вели за „Локално“ Петар Китанчев, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Според него, проблемот не е само во висината на субвенцијата, туку и во начинот на кој студентите можат да ги искористат средствата, бидејќи голем број продавачи на храна немаат ПОС терминали „140 денари дневно ретко обезбедуваат квалитетен оброк“, вели Китанчев, посочувајќи дека за тие пари студентите можат да купат, на пример, ¼ бурек и јогурт, додека готовите оброци често чинат значително повеќе.