Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили теренските активности за утврдување на епидемиолошката состојба со болеста Западнониласка треска кај живината, со лабораториско тестирање на земените мостри од птици при спроведување на надзорот на авијарна инфлуенца (птичји грип) и за утврдување на присуство на антитела на присуство на овој вирус. Активниот надзор ќе се спроведе на целата територија на државава и со него ќе бидат опфатени одгледувалишта на живина за некомерцијални цели (живина во дворови и селски стопанства), птици кои се чуваат во кафези или друг затворен/ограден простор и одгледувалишта на водени птици во дворови и селски стопанства. Со засилениот надзор преку земање на примероци од крв за лабораториско тестирање на утврдување на присуство и на вирусот на Западно нилска треска ќе биде опфатена живина од видовите кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици, потполошки, ноеви, како и диви птици од видовите гуски, пајки, лебеди, штркови, чапји, соколи, галеби, страчки, бувови, корморани јастреби и други.