Во наведениот период, Центарот за управување со кризи континуирано ја следеше состојбата со пожарите и вршеше координација со надлежните институции и расположливите ресурси, со цел навремено справување со пожарите, спречување на нивното ширење и заштита на населението и материјалните добра.
„Апелирам до граѓаните на максимална внимателност и одговорност и на доследно почитување на мерките за заштита од пожари.
Да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат отпушоци и запалив отпад во природата, а секое забележано чадење или пожар веднаш да се пријави на единствениот број за итни случаи 112, посочува директорот на ЦУК Али.
„Во периодот од 1 јуни до 31 август 2026 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.