Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска при посетата на Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со дата-центрите, истакна дека тоа е неповратен процес и Владата во таа насока ќе продолжи да ја води земјата кон просперитет и иднина, а опозицијата со своето противење не само што се однесува неодговорно кон државата и граѓаните, туку Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска при посетата на Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со дата-центрите, истакна дека тоа е неповратен процес и Владата во таа насока ќе продолжи да ја води земјата кон просперитет и иднина, а опозицијата со своето противење не само што се однесува неодговорно кон државата и граѓаните, туку е изолирана со уште малкумина, затоа што и САД, Европа, но и азиските земји се развиваат на тоа поле. „Во Европа конкретно, нашата опозиција не само што се однесува неодговорно кон економијата, државата и граѓаните, туку е изолирана со уште неколкумина во светот кои се борат против центрите за податоци или, во јавноста познати како, дата-центри“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски потсети на обраќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое тој на противниците на оваа индустрија им вели дека дата-центрите ќе донесат повеќе успех, но и пониски даноци и работни места, а потсети и дека источните земји се развиваат преку дата-центрите.