Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид - Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето - во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево - Букојчани, околу 12 километри, кој треба да ги спои Стража со автопатот Охрид - Струга - Кичево. Во однос на најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево, од Извор до Врбјани, две галерии се целосно звршени, третата е со 70 отсто динамика, а четвртата со околу 50 проценти.