Поранешниот вицепремиер Артан Груби пред Судечкиот совет треба да каже дали се чувствува виновен за злоупотребата на 8 милиони евра во Државна лотарија. На обвинителната клупа седна пред 10-на дена, но почетокот на судењето се одложи, по барање на неговите адвокати, кои не ги добиле доказите . Освен Груби, обвинети сè уште седуммина. Првообвинетиот, Перпарим Бајрами како поранешен директор на Лотарија, е во бегство.