Денеска, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот… Денеска, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот кога македонскиот народ со непоколеблива волја ги стави темелите на суверена и самостојна Македонија. Наша обврска и неуморна задача за да изградиме држава во која идните генерации ќе живеат достоинствено е да го трансформираме енергетскиот систем, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во својата честитка по повод Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Таа нагласи дека како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, нејзината заложба е јасна, а тоа е Македонија да биде енергетски независна држава.