Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош, информира Општина Карпош во соопштение.
„На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош.
„Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош.
Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација.
„Од Општина Карпош велат дека ваквите акции имаат цел да поттикнат поголема грижа за јавниот простор и заедничко учество на граѓаните и локалната самоуправа во одржувањето на општината.