Пред една година, по вторпат ја добив вашата доверба да ја предводам… Пред една година, по вторпат ја добив вашата доверба да ја предводам Општина Илинден. За мене, таа доверба претставува голема чест, но и голема одговорност и обврска да продолжиме таму каде што застанавме, да работиме со уште посилно темпо, да бидеме присутни во секое населено место и потребите на граѓаните секојдневно да ги претвораме во конкретни решенија, нови проекти и подобри услови за живот. Денес, кога правиме пресек на првата година од новиот мандат, можеме да зборуваме за конкретни резултати во сите области од општественото живеење, ја пренесува ВМРО-ДПМНЕ изјавата на градоначалникот на Илинден Александар Георгиевски.