За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата… За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата не се потрошени буџетски средста, трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација – рече денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. Станува збор, дополни, за средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, а не средства што се земени од буџетот за да се финансира прославата. Во согласност со заклучокот од 167. седница на Владата, со кој се утврдиле конкретните активнисти што треба да се реализираат во рамките на прославата по повод 35 години независност, како што рече, на „Државна лотарија“ ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните, како и да објави јавен повик за прибирање понуди за реализација на спонзорираните настани.