Димитар Апасиев, и лидер на Левица, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство –… Димитар Апасиев, и лидер на Левица, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против службени лица во Државната комисија за спречување на корупцијата, како и против ДКСК како правно лице. Од документот што го објави Апасиев се гледа дека пријавата е поднесена против Весна Донева, Севим Мустафа, Славко Ѓорѓески и Фарие Јашари, наведени како членови на Прекршочната комисија на ДКСК, како и против Катица Костовска, за која во пријавата е наведено дека има „непознат внатрешен статус во ДКСК“. Како основ во кривичната пријава се наведуваат „неизвршување на судска одлука“, казниво според член 377 став 4 од Кривичниот законик, и „расна и друга дискриминација“, според член 417 став 1, за кои Апасиев наведува дека се сторени во идеален стек.