Кога детето се враќа дома од училиште, родителите вообичаено сакаат да знаат како му /ѝ поминал денот. Сепак, начинот на којшто прашуваме може да одреди колку, всушност, детето ќе каже, пишува порталот „Кликс“. Прашањето „Како беше на училиште денеска?“ е природно, но толку широко, што детето лесно може да одговори само со неколку зборови.