ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Венко Филипче е амнестиран преку корумпираното судство за трагедијата во модуларната болница во Тетово каде што живи изгореа 14 луѓе и повикува СДС да престане да политизира со трагедијата во Кочани.
„Партијата која има претседател со име Венко Филипче кој е амнестиран преку корумпираното судство за тоа што живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово нема право да збори и политизира за Кочани, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.