Во Стопанската комора, се одржа заедничка Седница на Управниот одбор и Бизнис Клубот Европа со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во РСМ, на која предмет на дискусија беше европската перспектива на македонската економија. Во своето излагање, претседателот на Комората, Бранко Азески, посочи дека нашата економија е мала, отворена. Во своето излагање, претседателот на Комората, Бранко Азески, посочи дека нашата економија е мала, отворена и длабоко поврзана со Европската Унија за што потврда се статистичките податоци за тоа колку важен трговски партнер и инвеститор е ЕУ. „За македонскиот бизнис, европската интеграција не е политичка опција, туку економска и развојна потреба.