Средби на ултра високо ниво во рамки на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски кој утре со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинашното.
„Средби на ултра високо ниво во рамки на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски кој утре со владина делегација заминува во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Мицкоски ќе престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Како што информира, до овој момент нема во план средба со бугарската делегација.
„Што се однесува до мојата посета најпрво во Вашингтон, планирани се средби на ултра високо ниво во рамките на Сенатот, Конгресот и Стејт Департментот и средби на ултра високо ниво со претставници на DFC, тоа е финансиска институција која финансира проекти ширум светот што се најчесто високотехнолошки развиени.