Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници … Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови, извести Општина Карпош.