Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се… Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба?, се вели во реакцијата од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима.