Денес беше регистриран земјотрес со епицентар во подрачјето Делчево-Берово, почувствуван во југоисточните делови на Македонија, со локална магнитуда од 2.7 степени според Рихтеровата скала.
„Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 29 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово , на околу 122 км југоисточно од Скопје , со Рихтерова локална магнитуда , ML2.7. Земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес со јачина од 2,7 степени е регистриран денеска во попладневните часови на територијата на Македонија.
„Според првичните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил регистриран во 14:29 часот.