Токму на денот кога се одбележуваше 8 Септември – Денот на македонската државност – во срцето на Брисел се случи можеби мал настан по своите димензии, а огромен по своето значење. Светски познатата статуетка од Брисел, „Манекен пис“, проговори на македонски јазик, и тоа без зборови. По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел, статуетката „Манекен пис“, на 8 Септември за првпат во историјата беше облечена во македонска народна носија.