Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на јавните набавки во АД ЕСМ Скопје по… Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на јавните набавки во АД ЕСМ Скопје по кои во 2024 година преземени се обврски и изрази заклучок дека планирањето, спроведувањето на постапките за доделување на договорите за јавни набавки, како и реализацијата на склучените договори не се во согласност во сите материјални аспекти со применетата релевантна законска и подзаконска регулатива, планови и договори. Со ревизијата е дадена и оценка за степенот на примена на начелата на кои се темелат јавните набавки при доделување на договори за јавни набавки со кои се обезбедува економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност на предметот на набавка, особено во однос на изборот, дефинирањето и примената на условите, барањата и критериумите. Со ревизијата се опфатени 27 постапки за јавни набавки со реализација во 2024 година, од кои 2 се спроведени во 2022 година, 19 во 2023 година и 6 во 2024 година.