„Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава, на 9-ти септември на граничниот премин „Блаце“ сам се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.
На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.
„Првообвинетиот Перпарим Бајрами се предаде минатата недела.
Следи нѐ
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.