Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Вечерва во Брвеница присуствував на откривањето на муралот посветен на Жарко Кузмановски и Сашо Самојлоски, двајца храбри припадници на македонската полиција кои ги положија своите животи во Диво Насеље во мај 2015 година, напиша вечерва на својот фб профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Тој соопшти дека при настанот било положено свежо цвеќе и оддадена почит на нивното дело, а присуствувал и на свеченото отворање на четвртиот Меморијален турнир во мал фудбал „Жарко Кузмановски“.