Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во одговор на наодите на Државниот завод за ревизија, вели дека слабостите на Системот за управување со кризи, заштита и спасување на кои укажува ДЗР, во суштина се слабости на кои тој укажувал и како директор на ЦУК, но и сега...
Тој појаснува дека овие сили, наједноставно кажано, се составени од сите пожарникари во државата, сите вработени лица во ДЗС или ангажирани со договор на дело во ДЗС, како што се посадите на специјалните возила, како и припадниците на Тимовите за брз одговор на ДЗС.
„Ангелов посочува дека ова лето ангажманот на доброволни пожарникари преку Тимовите за брз одговор на ДЗС бил неспоредливо повисок во однос на минатите години, со што, според него, била избегната потребата од поддршка на операциите за гаснење на комплексни пожари со припадници на Полицијата и Армијата.