Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Петрушевски истакна дека средбите на македонската делегација во Вашингтон се потврда за интензивирање на стратешкиот дијалог со САД и ги посочи средбите со американските конгресмени, заменикот државен секретар Кристофер Ландау и државниот секретар Марко Рубио, како и фактот дека Македонија е првата европска земја што започнала стратешки дијалог со САД.
„„Факт е дека имаше средба премиерот со двајца конгресмени во оваа турнеја, имаше официјална средба со заменикот државен секретар Кристофер Ландау, сите ја видоа беше објавена, не знам дали ги задоволува естетските критериуми на Жерновски меѓутоа беше објавена таа официјална средба, имаше средба со државниот секретар Рубио на којашто напротив и од фотографиите се гледа срдечноста, сосем различна слика од она коешто генерално СДС се обиде да го направи меѓутоа тоа е очекувано од нивна страна“ посочи Петрушевски и додаде: „Она коешто е битно е дека ние сме во периметарот на оваа администрација за разлика од она коешто го слушавме претходно од СДС особено во делот на односот којшто го имаа кон оваа администрација и пред се кон претседателот Трамп пред да биде избран за втор мандат какви се изјави имаа, за да сега одеднаш бидат толку загрижени за односот, второ Македонија е прва од Европа која започна стратешки дијалог со САД и тоа е уште еден доказ за тоа колку оваа администрација на Трамп ја смета Македонија во периметарот или не“ На телевизија Телма во емисијата „Директно“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на македонската делегација сè уште трае, а конкретните резултати од посетата допрва ќе се сумираат и анализираат и посочи дека средбите во САД се значајни за продолжување и зацврстување на стратешкото партнерство, но и за претставување на македонските меѓународни позиции, барање поддршка и привлекување нови инвестиции во домашната економија.