Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Според податоците на ЦУК, пожарите зафатиле различни видови вегетација, отпад, депонии и стрништа.
„Заклучно со утринава во 7:30 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен, еден е под контрола, а 17 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат од ЦУК, под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште кај селото Белица во местото викано Кајорец (Општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (Општина Сопиште), каде гори нискостеблеста и мешана шума.
Првиот пожар под контрола е на територија на општините Македонски Брод и Сопиште.
„Нискостеблеста и мешана шума биле опожарени во регионот на село Белица, место викано „Кајорец“ – општина Македонски Брод, пожар што се проширил кон Јасен во општина Сопиште.