Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерот за правда Јетон Шасивари, обраќајќи се на форумот „Придонесот на структурираниот дијалог кон евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија: од „темелите“ и пошироко“, истакна дека европската интеграција на земјата мора да се гледа како суштинска трансформација на институциите и јавните услуги, а не само како процес на усогласување на законодавството.
„Европската интеграција не е само усогласување на законодавството.
„Таа е трансформација на институциите, на начинот на кој работиме и на начинот на кој граѓаните ги чувствуваат резултатите од реформите.