Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во врска со најавените контроли во домовите на лица кои се на боледување со цел сузбивање на злоупотребите на боледувањата, истакна дека постојат злоупотреби кои не се отсега, туку се од години наназад, како во државниот, така и во приватниот сектор и оти тоа треба да се стави под контрола, но напомена дека мерките кои ќе се спроведуваат во таа насока мора целосно да ги почитуваат човековите права и да се во законските рамки.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во врска со најавените контроли во домовите на лица кои се на боледување со цел сузбивање на злоупотребите на боледувањата, истакна дека постојат злоупотреби кои не се отсега, туку се од години наназад, како во државниот, така и во приватниот сектор и оти тоа треба да се стави под контрола, но напомена дека мерките кои ќе се спроведуваат во таа насока мора целосно да ги почитуваат човековите права и да се во законските рамки.
„Не сум ја слушнал изјавата на директорот, но сигурен сум дека со кој било чекор којшто би го превзеле во иднина, апсолутно ќе бидат почитувани човековите права и во никаков случај никакво човеково право нема да биде загрозено од страна на ниедна институција во државата.
Тој порача дека секој што е способен за работа треба чесно, совесно и одговорно да ги извршува своите обврски, а не да користи боледување кога за тоа нема оправдана причина.
„Тошковски нагласи дека секоја идна постапка за контрола на боледувањата, вклучително и со употреба на технологија, мора да биде во согласност со Уставот, законите, Европската конвенција за човекови права и меѓународните стандарди.