Стратегијата за дигитално здравство 2026-2030 која ја промовираше Министерството за здравство, според д-р Лилјана Којиќ, директор… Стратегијата за дигитално здравство 2026-2030 која ја промовираше Министерството за здравство, според д-р Лилјана Којиќ , директор на ЈЗУ „Железара“ доколку обезбеди унифицирање на здравствените податоци, и ќе може до нив да се пристапи од сите здравствени установи во реално време, не само што е добар потег, туку е и повеќе од потребен. Таа за „Локално“ изјави дека многу е важно и податоците што сега ги има во информатичките системи на здравствените институции да бидат точни и ажурирани, како и да ги содржат сите потребни податоци за пациентот. На пример од рендген не само наод туку да биде приложена и снимката, од биохемија не само наод туку и резултатот, за да можат како лекар да пристапам до тие податоци и да знам што да преземам, вели д-р Којиќ.