Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и надлежниот јавен обвинител, а во меѓуинституционална соработка со БЈБ – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи во организиран систем за шверц на големи … Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и надлежниот јавен обвинител, а во меѓуинституционална соработка со БЈБ – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи во организиран систем за шверц на големи количини цигари и избегнато плаќање на давачки кон државата во вкупен износ од над 377 милиони денари или над 6 милиони евра. Операцијата опфаќа случаи реализирани во повеќе наврати во периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, при што во истрагата спроведена од Царинската управа се откриени различни начини на незаконско внесување, истовар и пуштање во промет на цигари без соодветна царинска евиденција и без плаќање на законски утврдените давачки. Во истрагата се опфатени шпедиции, транспортни и увозни компании, физички лица, како и инволвираност на полициски и царински службеници.