Лидер
Првата пациентка, на возраст од 40 години, поради голем интрамурален миом на матката, кој предизвикувал интензивно менструално крвавење и последователна анемија, беше подложена на роботски асистирана лапароскопска хистеректомија со обострана салпингектомија, односно отстранување на матката и двата јајцевода, со зачувување на јајчниците и нивната хормонална функција.
„Кај втората пациентка, на возраст од 30 години, по претходно утврдена малигна патологија на јајчникот, беше изведена роботски асистирана лапароскопска хистеректомија со левострана аднексектомија, односно отстранување на матката, левиот јајчник и јајцевод, како и обострана пелвична лимфаденектомија, при што беа отстранети лимфни јазли од карличната регија со цел утврдување на стадиумот на болеста и планирање на понатамошниот онколошки третман,“ објаснува д-р Сарџовски.