Во духовното срце на Македонија, во Охрид – градот на Свети Климент… Во духовното срце на Македонија, во Охрид – градот на Свети Климент Охридски, на писменоста, просветителството и вековната културна традиција – во рамките на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која се одржува во Конгресниот центар во Охрид, се одржа значајна средба меѓу ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Кристина Николовска, и директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски. Средбата беше можност за разговор за значењето на македонскиот јазик, литература и култура во современиот меѓународен контекст, но и за улогата на науката, образованието и културната дипломатија во нивната афирмација и достоинствено претставување пред меѓународната јавност. Проф. д-р Зоран Пејковски упати благодарност до ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и до директорката проф. д-р Кристина Николовска за поканата и за можноста лично да биде дел од оваа значајна меѓународна научна и културна манифестација.