Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Планот за раст ни дава можност да се движиме подалеку од реформите кон прогресивна интеграција во единствениот европски пазар, преку поголема интеграција на стоки и услуги, дигитализација, транспорт и енергија, и преку иницијативи како што се СЕПА и претстојната имплементација на ‘Роаминг како дома’. Ова го истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на отворањето на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Македонија.
„За Македонија, токму ова е значењето на процесот на европската интеграција: реформи дома, интеграција со Европа и опипливи подобрувања во секојдневниот живот на нашите граѓани.