Општина Куманово се приклучи кон националната кампања за одбележување на Европска недела… Општина Куманово се приклучи кон националната кампања за одбележување на Европска недела на спортот, која се реализира од 23.09. до 30.09, годинава, под мотото #BeActive – „Активирај се!“. MOVE MK е национална реализација на Европската недела на спортот (European Week of Sport – EWoS), координирана преку Министерството за спорт на Македонија, со активности насочени кон поттикнување на физичка активност и активно учество на граѓаните. Кампањата се спроведува во повеќе од 40 европски земји. Целта на кампањата е да поттикне национална мобилизација за активност, започнувајќи од ученици во основни и средни училишта, преку работните места, спортските клубови и приватниот сектор, до отворените простори, парковите и местата за рекреација.