Општина Делчево и Чешко-македонската асоцијација за трговија потпишаа Меморандум за соработка, со… Општина Делчево и Чешко-македонската асоцијација за трговија потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвора можност за унапредување на економската соработка, привлекување инвестиции и воспоставување нови деловни партнерства меѓу Делчево и партнери од Чешка и други европски земји. Меморандумот во Прага го потпишаа градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски и претседателката на Чешко-македонската асоцијација за трговија, Љиљана Јовановски Асенов. Како што информира Гоцевски, со документот се поставува рамка за долгорочна соработка во повеќе области, меѓу кои економскиот развој, инвестициите, трговските односи, туризмот, претприемништвото и иновациите.