Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Делегацијата на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, во партнерство со… Делегацијата на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), националните и локалните институции, обезбедија финансирање на систем одржливи земјоделски практики, заштита на природните ресурси и создавање нови економски можности за населението во преспанскиот регион.
„Во рамки на денешната посета на регионот, заменикот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, раководителот на оддел во Делегацијата на ЕУ, Еваут Сандкер, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, преку серија средби со корисници на програмата „ЕУ за Преспа“ се запознаа со активностите и резултатите со посебен акцент на паметните мерки за климатски отпорно земјоделство.