Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа , учествуваше на Втората министерска средба за вода на Унијата за Медитеранот (UfM) во Рим, каде ја истакна потребата од силна регионална соработка во услови на сериозни климатски предизвици.
„На собирот, кој ги обединува земјите од евро-медитеранскиот регион, тој нагласи дека сушите , поплавите и загадувањето бараат заедничка акција и координиран пристап во прекуграничните речни басени, бидејќи заедничката вода подразбира и заедничка одговорност . Во своето обраќање, министерот Хоџа се осврна на значењето на интегрираниот пристап кој го поврзува секторот за води со енергетиката , земјоделството и заштитата на животната средина.