Сиромаштијата не е само празен паричник, таа значи и тешко достапно образование… Сиромаштијата не е само празен паричник, таа значи и тешко достапно образование и здравство, невработеност и недостиг на основни услови за домување. Шест проценти од населението во Македонија, односно околу 35.000 домаќинства, се засегнати од ваков тип на сиромаштија покажуваат наодите од научно-истражувачкиот проект „Детерминанти на повеќедимензионалната сиромаштија“. Анализата покажува дека најчесто бараниот излез на граѓаните е можноста за вработување и стабилен приход, но поддршката не треба да се сведува само на социјална помош од централната власт – потребни се мерки и на локално ниво, самоуправните установи и општините: „Тие самите не сакаат да зависат од парична помош, што патем не се иднексира со порастот на трошоците, односно не е основицата порасната толку колку што е минималната плата.