Дозволете ми на почетокот да истакнам дека 2026 година, е година на… Дозволете ми на почетокот да истакнам дека 2026 година, е година на продолжена работа, конкретни резултати и видливи промени за Штип. Година во која продолживме да инвестираме во подобра инфраструктура, подобри услови за живот и поголема поддршка за децата, младите и сите граѓани, изјави денска на прес-конференција градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на оваа година обезбедивме финансиска поддршка за семејствата на децата со попреченост од прво до деветто одделение, вклучени во редовната настава во сите општински основни училишта, преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година.