Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Протестот има за цел да ја стави во фокус состојбата во аграрниот сектор и да ги поддвори конкретните барања пред надлежните институции „ Левица дава целосна поддршка на земјоделците и сточарите кои денес, 30 септември, во 11 часот во Тополчани ќе излезат на протест за своите права, за својот труд и за опстанокот на домашното производство.
„Ова е глас на производителите кои со години го носат товарот на една погрешно поставена аграрна политика, во која државата има средства и инструменти кога треба да се спасува ликвидноста на помоќните, но за производителот секогаш има ново ‘ќе биде’ “, велат од партијата Левица.