„Советничката група на Левица денес беше единствена опозициска партија која ја напушти седницата на Советот на Град Скопје, како протест против новиот начин на одржување на советничките прашања, со кој советниците се принудени сите прашања да ги поставуваат на почетокот на седницата, а одговорите да ги добиваат „топтан“, без можност за вистинска расправа и непосредно соочување со градоначалникот, директорите на … „Советничката група на Левица денес беше единствена опозициска партија која ја напушти седницата на Советот на Град Скопје, како протест против новиот начин на одржување на советничките прашања, со кој советниците се принудени сите прашања да ги поставуваат на почетокот на седницата, а одговорите да ги добиваат „топтан“, без можност за вистинска расправа и непосредно соочување со градоначалникот, директорите на јавните претпријатија и установи, како и градската администрација“, велат од партијата Левица. „Левица уште при воведувањето на ваквиот принцип на претходната седница за советнички прашања јасно се спротивстави на обидот да се лимитира секаква демократска дебата во градското собрание. Советничките прашања се еден од основните механизми преку кои избраните претставници на народот ја контролираат градската власт и бараат одговорност за начинот на кој се управува со парите и ресурсите на скопјани, а градоначалникот ги претвори во еден обичен ПР-циркус.