Актуелниот шампион на УФЦ, Ислам Махачев, јавно вети дека ќе го „спушти на земја“ и ќе го понижи Иан Мачадо Гари за време на нивната борба на настанот УФЦ 330 оваа сабота Боречката елита овој викенд се собира во Филаделфија, каде што главен настан на вечерта ќе биде токму пресметката за титулата во велтер категорија меѓу Махачев и Гари. Иако промоцијата претрпе бројни критики од навивачите поради наводно послабиот „fight card“ – на кој, освен главната и ко-главната борба, нема ниту еден рангиран борец – самата главна борба важи за еден од најочекуваните настани во годината. Многумина веруваат дека Гари, познат под прекарот „The Future“, има сè што е потребно за да го симне од тронот моментално најдобриот „pound-for-pound“ борец во светот.