Македонската кикбокс репрезентација е подготвена за настап на Светското јуниорско првенство во организација на Светската кикбокс организација ВАКО, кое од 18 до 27 септември ќе се одржи во Лидо, Италија. Македонија на ова големо светско натпреварување ќе ја претставуваат 18 репрезентативци, предводени од тројца тренери, во состав: Тренери: Дејан Митровски – Урко, Драган Атанасовски и Александар Димовски. Репрезентативци: Драган Пандев, Андријано Димишковски, Марко Баснарков, Марија Димовска, Сергеј Ушлиновски, Глигор Николовски, Петар Лозановски, Драгица Глигорова, Калин Бабовски, Томи Андонов, Андреј Смилевски, Иван Кукуновски, Милан Нешевски, Антонија Тасева, Петар Илковски, Туркер Исмаил.