Макс Еберл како директор за спорт во Баерн Минхен даде одговори на сите комплексни прашања кои му ги поставија германските новинари, а истите беа поврзани за планификацијата на тимот и излегдот на конечниот ростер кој ќе го има Венсан Компани. Еберл нагласи дека Баерн ги завршил трансфер операциите кога се во прашање нови фудбалери уште во раната фаза на месец јули, или поточно во моментот кога ги потврди двете летни засилувања уште за време на мундијалот. Исмаел Саибари и Натаниел Браун го чинеа Баерн 110 милиони евра и со нив двајца се затвора трансфер пазарот за нови аквицизии, но од друга страна, целта на Еберл и Фројнд ќе биде до крајот на летниот преоден рок да се продадат тројца фудаблери кои се прекубројни во моментов.